Концептот за градба на нискоенергетски, пасивни, нулаенергетски, биоклиматски, плус нулаенергетски и други згради е многу актуелен и сè повеќе применлив во светски рамки. Тој е резултат на сè поголемата освестеност за ограниченоста на енергетските ресурси, но можеби поважно за влијанието врз животната средина и наследството кое го оставаме за идните генерации.
Насловот на книгата коректно ја доловува обработената материја. Тука не се навлегува во детали од технички и технолошки аспект, со што се овозможува образложената проблематика да биде разбирлива и интересна за публиката со ошто образование, но може да послужи и како извор за основни сознанија за публика со техничко-технолошка заднина.
Книгата е со Б5 формат и има 112 страници исполнети со илустрации и фотографии во боја.
Повеќе