Композитни системи за надворешна топлинска изолација

Автор:

Д-р Петар Николовски


Година:

2019


Издавач:

Магор

Печатено издание:


Статус на залиха:

нема  


Цена:

450 денари / 7,30 € 


Електронско издание:


Статус на залиха:

нема  


Цена:

360,00 денари / 5,90 € 


Оваа десетта по ред книга од д-р Петар Николовски дипл. инж. арх. е наменета за сите сегашни и идни градежни инженери и архитекти, но и за оние коишто сакаат поблиску да се запознаат со начините за подигање на енергетската ефикасност на нивниот објект преку употреба на композитните системи за надворешна топлинска изолација.

Се работи за одлична професионална книга што претставува основа за квалитетна изведба на фасадите, како во областа на проектирање, така и во поглед на изведбата. Од толкувањето на основните концепти, примери од градежна физика, преглед на домашното и европското законодавство, преку третман на фасади со стиропор, минерална волна, како и со нови иновативни изолациски материјали, до детално опишани постапки за изведба, отпорноста и влијанието на оган, изведба на деталите и грижливо собран материјал за грешки при изведба, поткрепен со фотографии, книгата претставува лесно и разбирливо четиво наменето не само на стручните лица туку и на лаици.

Книгата е со Б5 формат и има 142 страници исполнети со илустрации и фотографии во боја.

Повеќе

 

Пријавете се за нашиот е-Билтен (Newsletter)

Пријавете се за нашиот е-Билтен (Newsletter) и редовно и навремено добивајте ги сите информации и новости од целокупниот делокруг на нашето работење: новости од науката и техниката, информации за нови производи и понуди од нашата е-продавница, како и информации за активностите на ЕМИТЕР и на нашите бизнис партнери. Ќе добивате максимум две пораки седмично.

Важна напомена: вашите податоци се исклучиво за интерната база на читатели/корисници и нема да бидат дадени на трети лица, а при тоа секогаш имате можност да се одјавите од нашата мејлинг листа.