Авторот како да сака да каже дека ги открил клучните грешки во белосветските биохемии, причините за болестите и патот до здравјето, појаснувајќи дека е самоук и без формално образование на овие теми. Тврди дека открил „Иљач за лошотилак“, аргументира дека најголемиот дел од клетките се „мастојади“. Покрај здравствените согледувања, има доста хумор, критики кон одредени стереотипи и мислења од други автори. Дава холистички преглед за здравствените нарушувања, со акцент на погрешните референтни вредности на медицината за некои биомаркери, и нивна корекција како што кажува тој. Ги опфаќа и психолошките, социолошките, социјалните и прехранбените причини за болестите. Го ревидира поимот „здрава исхрана“ и вели дека суплеметацијата е задолжителна за секој што сака да живее здраво. Раскажува дека хомо сапиенсот постоел уште пред климатските промени, кога сите животни изумреле и само тој опстанал затоа што бил интелегентен па измислил врата, оган, оџак, ќебе, облека и научил да направи храна од сѐ што ќе најде. Тврди дека сите сегашни животни, се развиле после климатските промени и затоа можат да спијат на минус 20 степени и да живеат со месеци без да јадат. Понатака кажува дека со климатските промени, особено со носењето алишта, организмот не произведува доволно витамин Д, ниту го има во храната како порано, и задолжително треба да се внесува како додаток на исхраната како за бебињата така и за возрасните далеку повеќе од што едно време кажуваше медицината.
Толку е сигурен во тоа што го (о)пишува, што клучните биомаркери за ПРВАТА БИОРЕГУЛАЦИЈА ги објавил на 16 јазика:
Триглицеридите во крвотокот под 0,6 mmol/L (50 mg/dL).
Витаминот Д (калцифедиол): 140-240 ng/mL (350-600 nmol/L), по потреба повеќе, со мерките за претпазливост и по протокол.
Паратироидниот хормон (PTH intact) 5-25 pg/mL (0,5-2,5 pmol/L), ако треба околу долнава граница.
Љубов за повеќе окситоцин хормон.
СОДРЖИНА
• Психолошки фактори за болестите
• Сентимент и духовен имунитет
КОНФРОНТАЦИИ
• Основните исконски правила
• Рани показатели на здравствената состојба
• Точноста на биомаркерите
• Како ли дојдовме до ова дереџе
• Клучни биомаркери (примарни)
• Секундарни биомеркери
• Спорни биомаркери
РЕГУЛАЦИИ
• Регулација на липидниот статус во крвта
• Регулација на стомачниот микросвет
• Регулација на естрогените
• Регулација на кортизолот
• Практики за регулацијата
• Други регулации на организмот
• Регулација на гени
• Избор за животот
ПРИЛОЗИ
• Ортомолекуларна медицина
• Микро-воспаленијата и стареењето
• Беневолентниот круг
• Социо-генетска наследност
• Липотаријанска диета (липоворска, липидна или липо диета)
• Позлатена супа
Формат: 207x150
Страници: 180