Основна теорија за операциските засилувачи плус табели со карактеристики на преку 400 типови операциски засилувачи, заедно со изгледот на нивните куќишта и распоредот на изводите.
Брошурата “Операциски засилувачи“ е каталог и прирачник што покрај себе треба да го има секој електроничар. Теоретскиот дел е составен од повеќе глави во кои е дадена основната теорија: вовед, основни кола, изведба на реален ОЗ, параметри на реалните ОЗ, заштитни мерки... Табелите содржат технички карактеристики и коментари за повеќе од 400 типови операциски засилувачи кои најчесто се сретнуваат во електронските кола.
Брошурата е со А5 формат и има 56 страници
Повеќе