Како да се претплатите?
Од претходно дадените опции одберете го начинот за претплата и плаќање, и извршете ја уплатата според упатствата кои ги дава системот при правење на нарачката. Доколку имате некои прашања или Ви се потребни подетални напатствија, разгледајте ги Упатствата за корисниците или контактирајте нè преку телефон или e-mail.
* - Можете да изберете кои било од достапните електронски изданија на ЕМИТЕР (ако сте претплатник на електронското издание), односно од достапните печатени изданија на ЕМИТЕР од 1995 до 2015 година (ако сте претплатник на печатеното издание). За информација кои од претходните броеви се достапни во печатена и во електронска форма, т.е. кој е нивниот статус, погледнете во е-продавницата, во менито Списание Емитер.
Групна претплата за образовни институции
Освен наведените опции за претплата, нудиме можност и за групна претплата за образовни институции (училишта, факултети, библиотеки...) на електронското издание на ЕМИТЕР, при што одобруваме специјални попусти и погодности. Правилата и условите за овој вид претплата се следниве:
- Претплатата е годишна и во овој момент содржи 4 броја (со оглед на тоа што сега списанието излегува на 3 месеци).
- Цената на една годишна претплата е со 90% попуст и наместо 400 денари ќе чини само 40 денари за еден претплатник.
- Додека трае претплата сите претплатници ќе ги добијат пристап и до електронските изданија на броевите од 2015 година до денес, со што се остварува заштеда од преку 95% во однос на редовната цена на електронското издание на ЕМИТЕР.
- Институцијата ќе добива и по три гратис примероци од печатеното издание на секој нареден број од списанието додека трае претплатата.
- Сите овие бенефиции се однесуваат само за групна претплата, односно претплата за СИТЕ ученици/студенти и вработени од таа образовна институција.
- Со ваква групна претплата сите ученици, студенти и вработени од таа институција ќе имаат неограничен пристап до електронските изданија опфатени со претплатата од компјутерите, лап-топите, таблетите и мобилните телефони во ИТ-мрежата на институцијата.
- Технички услов за ваков вид на претплата е институцијата да има фиксна IP адреса која, ако ја нема, може да ја обезбеди од својот интернет-провајдер.
Се надеваме дека образовните институции ќе ги согледаат предностите на овој вид информирање и дополнителна едукација на нивните ученици и студенти и ќе ги искористат поволностите на групната претплата на електронското издание на ЕМИТЕР. И, да не заборавиме, ваквите претплати ќе дадат силна поддршка за натамошното опстојување и напредок на ЕМИТЕР, единственото македонско списание за популаризација и примена на науката и техниката.
Декани и директори, наставници и професори, обезбедете за себе и за своите ученици/студенти извонреден извор за стручна надградба – јавете ни се уште денес и ние ќе ви испратиме конкретна понуда!