Оваа книга не е историја, а уште помалку приказна. Сепак, настаните и личностите обработени во неа имаат несомнена историска вредност. Во неа, на популарен начин е обработена еволуцијата на вертикалното летање, преку внимателен избор на настани и личности кои во таа еволуција имале доминантно значење.
Ова е последна книга од пионерската воздухопловна трилогија во нашата литература - Лесни авиони, Воздухопловни легенди и Приказна за хеликоптерот.