Заштедете пари и време! Претплатете се на ЕМИТЕР!
Сите 4 броја во годината и 2 гратис примероци од претходните броеви по Ваш избор * ќе Ви бидат доставени на Вашата адреса!!! Плус, ќе добиете и 20% попуст на сите наши производи и по некој подарок (брошура, каталог, ППК, купон за попуст...), за разлика од оние што списанието ќе го купуваат “број по број“!!!
ЕМИТЕР е списание за популаризација и практична примена на науката и техниката со информативно-едукативен и апликативен карактер, прво и единствено од ваков вид во Македонија. ЕМИТЕР излегува од 1995 година и е наменет за сите љубители на науката и техниката – од ученици, студенти и хобисти, сè до професионалци од соодветни области и струки. Во списанието се застапени речиси сите области од науката и техниката, со акцент на природните и на техничките науки и современите технологии, низ написи од најразличен вид: од кратки информации, прикази и тестови, преку теоретски написи и детални анализи на најголемите научни и технички достигнувања, па сè до совети и упатства за одржување, поправка и самоградба на разни склопови, уреди и објекти. Нашето долгогодишно искуство, преточено во преку 200 изданија, е гаранција за интересни и квалитетни содржини.
|
 |
Зошто да се претплатите на ЕМИТЕР?
- Заштедувате до 33% од редовната цена;
- Добивате 20% попуст на сите наши производи;
- Имате гарантирана цена за време на траењето на претплатата;
- Го добивате списанието на својата адреса;
- Никогаш нема да пропуштите некој број;
- Секогаш ќе бидете во тек со научните и техничките достигнувања;
- Повремено добивате подароци во форма на брошура, каталог, ППК, купон за попуст...;
- Со претплатата ги поддржувате сите наши активности коишто резултираат со исклучително висок квалитет на списанието на сеопшто задоволство;
- Со претплатата ја поддржувате нашата мисија за унапредување на научно-техничката култура и поттикнување на иновативноста и техничко-технолошкиот развој во Македонија.
Претплатете се на ЕМИТЕР уште денеска!
Одберете го начинот на претплата што најмногу Ви одговара.