ЗАШТИТА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

 

1. ПОЛИТИКА ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

Политиката на заштита на личните податоци се однесува на веб страницата www.emiter.com.mk и се применува на сите наши домени и поддомени кои се појавуваат на дното на страницата. Објавите во Политиката за заштита на личните податоци можат да бидат изменети без претходна најава и затоа ве повикуваме повремено да го посетувате ова мени (наведи ја Веб адресата на ова мени) како би се запознале со најновите измени. Прибирањето на личните податоци на оваа веб страница е во согласност со прописите за заштита на личните податоци. Доколку се поврзувате со други веб страници, потребно е да ги разгледате и прочитате Политиките за заштита на личните податоци објавени на тие веб страници.

 

2. ПРИБИРАЊЕ НА ИНФОРМАЦИИ

Личните податоци се доброволно поднесени од вас со цел да се употребат за достава на направената нарачка до крајниот корисник. Во лични податоци кој ни ги доставување при регистрација на нашиот веб сајт спаѓаат: име, презиме, адреса, контакт телефонски број и електронска адреса. Вашите лични податоци имаат третман на службена тајна и не можат да се искористат за кои било други потреби, освен за реализација на нарачките, купувањата и информирање во врска со тоа. Дополнително, доколку се пријавите во нашата мејлинг листа на вашата електронска адреса редовно ќе добивате вести за нашите активности, нови производи и слично. Сепак, доколку не сакате да ги добивате овие новости, можете во секое време да се одјавите од нашата мејлинг листа.

 

3. ЗАШТИТА НА ВАШАТА СМЕТКА

Вашата лозинка е клучот на вашата сметка и треба да ви биде позната само вам. Користете броеви, букви и специјални знаци за вашата лозинка и неоткривајте ја никому. Доколку изгубите контрола врз вашата лозинка, губите и контрола врз вашите лични податоци и можете да станете предмет на законски и незаконски водени активности направени во ваше име, т.е., да бидат (зло)употребени вашите лични податоци. Заради тоа, доколку вашата лозинка е компромитирана од било која причина, веднаш известете не и направете промена на лозинката.

 

4. COOKIES / ТЕХНОЛОГИЈА НА СЛЕДЕЊЕ

Оваа веб страница може да употребува колачиња (cookies) и технологија на следење во зависност од понудените форми. Cookie и технологијата на следење се корисни за прибирање на информации како што се тип на пребарувачот и оперативниот систем, следење на бројот на посетители на веб страницата и употреба на веб страницата од страна на посетителите. Личните податоци не можат да се прибираат преку Cookies.

 

5. ДАВАЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ НА КОРИСТЕЊЕ

Само врз законска основа, вашите лични податоци можат да бидат дадени на користење на државни органи и институции. Имено, станува забор за следниве можни ситуации:

- Дозвола побарана според Закон,

- Заштита на постоечка или потенцијална измама или неавторизирана трансакција,

- Истрага на измама која веќе се случила.

 

6. ОБВРСКА ЗА ТАЈНОСТ И ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

Вашите лични податоци се безбедно сочувани од губење, уништување, фалсификување и неавторизиран пристап. Единствено авторизирани вработени имаат пристап кон овие информации. Преносот на личните податоци е заштитен со соодветни методи, така што истите нема да бидат читливи при преносот и заштитени соодветно на ризикот и природата на податоците кои се пренесуваат. Заради спречување на неовластен пристап и злоупотреба на личните податоци, ќе се превземат сите потребни технички и организациски мерки за заштита на личните податоци.

 

7. УПОТРЕБА НА ВЕБ СТРАНИЦАТА ОД СТРАНА НА МАЛОЛЕТНИ ЛИЦА

Им препорачуваме на сите родители и старатели да ги научат своите деца на безбедно и одговорно ракување со личните податоци на интернет. Малолетните лица не смеат да даваат лични податоци без дозвола од нивните родители или старатели. www.emiter.com.mk (ЕМИТЕР д.о.о.) никогаш нема намерно да земе лични податоци од малолетници, нити пак истите да ги проследи на трета страна без дозвола од родителот/старателот.

 

8. ИНФОРМАЦИИ ЗА ПОЛИТИКАТА НА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

Доколку сакате да поставите прашање или да испратите коментар кон нашата политика за заштита на личните податоци, истото можете да го сторите, користејќи го формуларот за контакт со нас (https://emiter.com.mk/kontakt.php). На ваше барање, во рок од најмногу 15 дена ќе бидете информирани кои од вашите лични податоци, доколку ги има, се прибрани за време на вашите посети на интернет страницата www.emiter.com.mk Субјектите ќе бидат информирани за постоење на правото на пристап и исправка на нивните лични податоци.

 

 

 

 

 

Пријавете се за нашиот е-Билтен (Newsletter)

Пријавете се за нашиот е-Билтен (Newsletter) и редовно и навремено добивајте ги сите информации и новости од целокупниот делокруг на нашето работење: новости од науката и техниката, информации за нови производи и понуди од нашата е-продавница, како и информации за активностите на ЕМИТЕР и на нашите бизнис партнери. Ќе добивате максимум две пораки седмично.

Важна напомена: вашите податоци се исклучиво за интерната база на читатели/корисници и нема да бидат дадени на трети лица, а при тоа секогаш имате можност да се одјавите од нашата мејлинг листа.