КУПУВАЊЕ
Како да го реализирате купувањето на производот за кој сте заинтересирани, како да го реализирате враќањето на истиот доколку не сте задоволни од него, како и запознавање со гаранцијата и условите за важење на истата ќе бидат темите кој ќе ги прикажеме во ова мени.
1. НАРАЧКА
Секој производ кој е истакнат на нашиот сајт е придружен со слика и краток опис за него. Најпрвин потребно е успешно да се регистрирате и најавите. Доколку сте заинтересирани да го купите или доколку ви се потребни дополнителни информации за некој производ, тогаш со кликање на сликата на истиот се отвара нов прозорец во кој подетално е прикажан производот и во кој прозорец е поставена кошничка за производи со која се врши нарачката. Во општ случај процесот на нарачка (вклучително и Плаќање и Испорака а кои ќе бидат детално објаснети во понатамошниот текст) е прикажан накратко како следи:
Со кликање на копчето “Додади во кошничка“ се отвора прозорец со Преглед на кошничката каде ќе биде наведен избраниот производ со неговата цена. Потоа можете да продолжите со купување активирајќи го копчето “Продолжи со купување“ сместувајќи ги новите производи во кошничката како што е погоре кажано. На крајот од купувањето со притискање на копчето “Нарачај“ се појавува како прв од вкупно четири чекори “Преглед на кошничката“ во кој можете да интервенирате во смисла на преправки на некои поставки и конечно дефинирање на содржината на истата. Со притискање на копчето “Продолжи со нарачката“ се отвара вториот чекор од процесот на купување во кој треба да го одбереме начинот на испорака и да го пополниме соодветниот формулар со податоци кои се бараат. Формуларот автоматски ќе биде пополнет со податоците кои ги имате внесено во својот Профил, но ако е потребно имате можност за промени на податоците. Потоа одиме во третиот чекор од купувањето во кој треба да се избере начинот на плаќање. Продолжуваме со нарачката и одиме во четвртиот чекор според кој треба да се изврши плаќањето. Тука имате два избора: плаќање со платежна картичка или со уплатница (вирман). При ова, автоматски вршите Резервација на вашата нарачка која трае 5 дена од кликање на копчето “Резервирај“ во кој период треба да се изврши плаќањето. По обавувањето на неопходните технички формалности и проверки, производот ќе ви биде испратен по пошта или Вие ќе треба да го подигнете од Редакција, т.е. добивањето на купениот производ ќе биде извршен согласно вашиот избор за начинот на испорака во вториот чекор. Доколку пак има некој нејаснотии или проблеми со нарачката, тогаш ќе бидете контактирани со цел да се надминат проблемите и да се прецизира нарачката.
Ако купувате само електронската верзија на списанието ЕМИТЕР или некоја од нашите книги и брошури, тогаш во вкупната цена во вашата сметка отпаѓаат ставките за пакување и поштарина. Данокот на додадена вредност (ДДВ) е вкалкулиран во цената на производот.
2. ПЛАЌАЊЕ
2.1. НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ
Постојат неколку начини со кои може да се изврши плаќањето на сметката.
Вирманско плаќање со општа уплатница или со интернет банкарство: на вашата e-mail адреса ќе добиете фактура со сите потребни информации за плаќањето, вклучувајќи го и бројот на жиро-сметката на која треба да се уплати сумата од нарачката. Исто така, можете да извршите уплата и преку интернет банкарството доделено од вашата банка или на редовниот начин со општа уплатница во најблиската банка или пошта.
По приемот на уплатата ние ќе ви ги испратиме нарачаните производи на посочената од вас адреса а ако се работи за купување на електронска верзија на нашето списание, книги или брошури, ќе ви доделиме Корисничко име и Лозинка за да ги читате online.
Со платежни картички (Visa, MasterCard и Maestro): Уплатата може да се изврши од било која банка од Р. Македонија преку картичниот систем.
Детален опис за начините на плаќање поткрепен со слики има во менито Упатства за корисниците.
2.2. БЕЗБЕДНОСТ НА ПЛАЌАЊЕ
Безбедноста на плаќањето (трансакцијата на паричните средства и доверливите податоци) е осигурана на највисоко можно ниво кога се врши преку Интернет и ја обезбедува банката на чии услуги сме ние корисници, а тоа е Комерцијална Банка - Скопје. Безбедноста на финансиската трансакција оди преку системот CaSys кој е имплементиран кај Комерцијална Банка и ја нуди највисоката можна заштита на финансиските трансакции и можна злоупотреба на доверливите податоци кои се депонирани од ваша страна.
3. ИСПОРАКА
Доколку се работи за купување на електронска верзија на нашето списание (или претплата), купување на електронски книги или брошури, тогаш по извршувањето на уплатата на Вашата e-mail адреса добивате Корисничко име и Лозинка со која можете да пристапите до електронската верзија на производот (списание, книги или брошури) и online без никакво ограничување (24/365...) да ги читате од вашиот компјутер, таблет или смартфон.
Доколку се работи за нарачка на материјален производ, тогаш испораката на пратката ќе биде извршена на адресата која вие сте ја оставиле при пополнување на формуларот за нарачка при купување на производот. Затоа внесете потполна и точна адреса вклучително и поштенскиот код на вашата адреса. ЕМИТЕР д.о.о. не одговара за грешките кои би настанале заради непотполна или погрешна адреса внесени од ваша страна а трошоците направени по овај основ ќе бидат на ваша сметка.
Испораката на пратката ќе биде извршена во најбрз можен рок, вообичаено во наредните 1-3 дена од добиената потврда дека е извршена уплатата на паричните средства (т.е. реализирање на уплатата). Откако ќе ви биде доставена нарачката, ваша должност е да ги потпишете потребните документи кои ќе ви ги приложи доставувачот. Со тоа потврдувате дека пратката е уредно примена од ваша страна.
Доколку има доцнење во испораката, ЕМИТЕР д.о.о. не сноси никаква одговорност доколку доцнењето е предизвикано од компанијата која е ангажирана за извршување на испораката.
Цените на испораката (поштарина) ги утврдува компанијата која ја врши испораката и која има договор со ЕМИТЕР д.о.о. за вршење на оваа услуга. Цените на испораката се назначени во сметката за купениот производ (покрај цената на чинење на производот) и се подмирени со самото реализирање на уплатата на сметката за купениот производ.
Согласно понудените опции во чекор 2 од Нарачката, купените производи можете и лично да ги подигнете од нашето седиште (Редакција) која е наоѓа на ул. 11 Октомври, бр. 38/11, 1000 Скопје. Пред да дојдете и лично да ги подигнете купените производи, ве молиме да се информирате на нашиот број (02) 3115 111 дали нарачката е спремна за подигнување и секако, да ја носите уплатницата како доказ дека порачката е платена и да носите документ за лична идентификација. Исто така, при личното подигнување на нарачката не се засметуваат никакви трошоци за пакување и поштарина и добивате Испратница за примо-предавањето на вашите купени производи.
4. ВРАЌАЊЕ НА ПРОИЗВОДИ И СРЕДСТВА
ЕМИТЕР д.о.о. овозможува враќање на производите кои се понудени и купени од нашиот сајт www.emiter.com.mk
Производот кој е неотпакуван и неупотребуван може да се врати во рок од 7 дена, заедно со приложената фактура и испратница и истиот може да го замените со нов. Во овој случај, ве молиме да не информирате за вашето барање преку телефон или e-mail при што ќе добиете детални напатствија како да постапите како би се реализирало вашето барање.
Доколку производот е оштетен од неправилно или несовесно (насилно) распакување и/или ракување, производот не може да се замени со нов нити пак да се повратат уплатените парични средства.
Во случај да барате враќање на паричните средства, тоа можете да го остварите само доколку производот го вратите неупотребуван и во оригиналното пакување, со приложена фактура (и испратница) во период од 7 дена од приемот на производот. Парите ќе ви бидат префрлени на истата банкарска сметка која сте ја користеле при плаќање на производот.
5. ГАРАНЦИЈА НА ПРОИЗВОДИ
Сите производи кои се нудат на нашата веб страница (www.emiter.com.mk) и можат да се купат од истата подлежат на гаранција. Доколку утврдите дека производот е неисправен потребно е во најкраток временски рок да не известите за дефектот преку e-mail (redakcija@emiter.com.mk), телефон (02 3115 111) или писмо (ул. 11 Октомври бр. 38/11, 1000 Скопје) при што ќе добиете детални напатствија како да постапите со цел да ви биде заменет дефектниот производ со нов. Исто така, потребно е да ја чувате сметката (фактурата) и испратницата и да ги приложите заедно со дефектниот производ кој го враќате. Нашиот стручен тим ќе изврши детален преглед и процена на дефектот и доколку се работи за дефектен производ кој не е предизвикан од некоректна и насилна употреба и доколку производот не е механички оштетен или скршен, ја прифаќа гаранцијата и дефектниот производ ќе ви биде заменет со исти таков нов на наша сметка и во најбрз можен временски рок.
Гаранцијата на купените производи важи 3 месеци, доколку не е означен подолг рок, при што гарантниот рок почнува да тече од денот на прием на производот.