ЗА НАС

 

1. За нашата компанија:

Името на нашата компанија е Друштво за развој на научно-техничка култура "ЕМИТЕР" д.о.о. (кратко: ЕМИТЕР д.о.о.), а нејзина основна дејност е издавањето на списанието за популаризација и практична примена на науката и техниката “ЕМИТЕР“, кое редовно излегува од 1995 година. Исто така, издавачката дејност ни се состои и од издавање на книги, брошури и друга стручна литература која ги покрива, пред сè, техничките науки и припадните инженерски и занатски активности. Потоа, во нашето портфолио влегуваат и дизајн и изработка на плочки со печатени кола (ППК), проектирање и изработка на електронски уреди, услуги од сферата на графички дизајн и печатење на летоци, каталози и книги, како и одржување на семинари, курсеви и обуки. Исто така, важен сегмент од нашето дејствување е поддршката на разни манифестации и активности за популаризација на науката и техниката, како на пример, смотрите на Народна техника “Млади истражувачи“ и “Млади техничари и природници“, натпреварите на електро-машинските училишта и изложбите на пронајдоци, иновации и нови производи “Макинова“ и “Еконова“.

Веб-сајтот на нашата компанија е www.emiter.com.mk и во неа се претставени сите броеви на нашето списание, сите книги и брошури во наше издание и останатите наши производи, како електронски печатени плочки (ППК), самолепливи маски, програмирани чипови и др.. Освен печатено издание на ЕМИТЕР нудиме и негово електронско издание со можност за online читање, а истата опција ја имаме и за нашите книги и брошури.

 

2. Мисија и визија:

Нашата мисија е популаризација и примена на науката и техниката, унапредување на научно-техничката култура во Македонија, едукација на читателите и поттикнување на иновативноста и техничко-технолошкиот развој. Водејќи се од основното начело дека образованието, науката, техниката, иноваторството и современите технологии се основните полуги на кои се темели индустриското производство, кое, пак, е основа за благодет во општеството, сите наши усилби се насочени кон промовирање, запознавање и подобро искористување на овие полуги како главен мотор на стопанството.

Нашата визија е да помогнеме во градењето на едно успешно, хармонизирано и функционално општество посебно во делот на образованието на младите кои ќе ја сакаат науката и техниката и ќе се предадат на тие предизвици. Со нивниот професионален ангажман ќе градат просперитетно општество кое ќе е посакувано, пристојно и достоинствено место за живеење со загарантирана иднина на севкупно задоволство.

 

3. Мапа на сајтот:

Веб-сајтот на ЕМИТЕР www.emiter.com.mk е организиран како што е прикажано подолу:

 

4.Контакт:

Можете да нè контактирате преку писмо, телефон, e-mail и со помош на формуларот за контакт на нашиот сајт.

Контакт информации:

Интернет продавница ЕМИТЕР

ул. 11 Октомври бр. 38/11, 1000 Скопје

Сопственост на Друштво за развој на научно-техничка култура "ЕМИТЕР" д.о.о.

ул. Петар Манџуков бр. 50-б, Скопје

тел: (02) 3115-111, 071/255-704

во работни денови од 9 до 17 ч.

e-mail адреса: redakcija@emiter.com.mk

Мапа

 

 

Пријавете се за нашиот е-Билтен (Newsletter)

Пријавете се за нашиот е-Билтен (Newsletter) и редовно и навремено добивајте ги сите информации и новости од целокупниот делокруг на нашето работење: новости од науката и техниката, информации за нови производи и понуди од нашата е-продавница, како и информации за активностите на ЕМИТЕР и на нашите бизнис партнери. Ќе добивате максимум две пораки седмично.

Важна напомена: вашите податоци се исклучиво за интерната база на читатели/корисници и нема да бидат дадени на трети лица, а при тоа секогаш имате можност да се одјавите од нашата мејлинг листа.