Експанзијата и развојот на информатичките и телекомуникациските технологии мошне бргу најдоа примена и во системот на здравствената заштита, унапредувајќи ја самата здравствена пракса. Медицинската информатика, со својата специфична подгранка – стоматолошка информатика, се занимава со развојот, примената и евалуацијата на информациската технологија во медицината и стоматологијата, односно со решавање на проблемите кои се во врска со информациите и комуникацијата во здравствената заштита.
Книгата пред вас е наменета првенствено за студентите од медицинската стоматолошка струка, но може да биде од подеднаква корист и за сите студенти од медицинските струки кои имаат потреба од запознавање со најнапред информатичките системи, а потоа и од специфичните софтверски алатки кои се употебуваат во нивната струка.
Книгата е поделена на седум темaтски целини:
• Информатика,
• Системи
• Информатичко-комуникациски технологии
• Медицинска информатика
• Стоматолошка информатика
• Критериуми за набавка на компјутерски систем
• Компјутерска етика
Книгата е во Б5 формат, со содржини презентирани на 165 страници, дополнети со 4 страници библиографија.
Повеќе