Со “Основи на сценската проекција” добивме пресек на основните знаења што треба да ги поседува секој што се бави со вклопување на видеопроекцијата во сценската изведба.
Веднаш по Воведот, во поглавјето Видео проектори авторот најнапред нè носи на Почетоците на филмот, за потоа искусно да продолжи да ги објаснува поимите и процесите на Видео технологијата, па преку појаснување на Технологијата на видео проектори да премине на објаснување на процесот на Проекција на слика и на крајот од ова поглавје посветено на видео ефектите да стане збор за Продукција на слика за проектирање. Поглавјето Аудио е посветено на улогата на звукот во сценската игра. Оттаму сосема природно тоа е поделено на два дела – Аудио сигнали, посветен на обработката, и Аудио формати, посветен на репродукцијата на аудиото. Со четвртото поглавје Узунов веќе навлегува во практиката – говорејќи за методите на Сценско мапирање, за потоа со следното поглавје да го продлабочи овој практичен сегмент со Сценско водење (реализација) на 3Д мапирањето.
Делото е заокружено со неколку практични примери и Анализи на мултимедијални изведби и изведби со 3Д мапирање, при што примерите дадени со проекти кои авторот Милчо Узунов самиот успешно ги реализирал, а неговото учество на овие сценски изведби придонело за успехот на поставувањето на самото сценско дело.
Книгата “Основи на сценската проекција” доаѓа “спакувана” на 196 страници, во Б5 формат
Повеќе